Во оваа емисија зборуваме за тоа што преставува граѓанското општество, која е неговата улога и кои се неговите функции. Укажуваме дека граѓанското општество функционира во вонредни услови, зошто е тоа така и дали во такви околности успева да биде коректор на власта. Македонија е земја во која нема попис на населението, како таквата состојба се одразува во работата на граѓанските организации. Каква е довребата во граѓанските организации, наспроти падот на довербата во државните институции.
Во 2015 година бевме сведоци на голем број на протести, дали беа доволно масовни и како понатаму да се продолжи. На самиот крај зборуваме и за одговорноста на граѓаните да изнајдат начин да направат притисок врз државните институции за тие да бидат вистински сервис на граѓаните.