Поддршка за СЈО и Јанева од сите амбасадори на земјите на ЕУ

by Фокус 14:17
14:17

Сите амбасадори од ЕУ во Скопје изразија силна поддршка за независноста на специјалната обвинителката Јанева и за нејзината работа, напиша денеска евромбасадорот Аиво Орав на Твитер, споделувајќи фотографија од средбата, која не беше јавно најавена, на амбасадорите со обвинителката Катица Јанева.

На фотографијата се и амбасадорите на Германија, Франција, Холандија но и на речиси сите други земји од ЕУ.

- Advertising -

Јанева во четвртокот се сретна со американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Поврзани новости