(ВИДЕО) Граѓани алармираат дека Гинекологија Чаир продолжува да ги труе

by fokus

Аерозагадувањето овие месеци повторно е актуелна тема во државава, а претставува сериозен проблем за здравјето на граѓаните.

Читател на „Фокус“ испрати видео од Гинекологија Чаир, од каде се крева густ чад и ги труе граѓаните а во сама близина се наоѓа училиште.

Од Гинекологија Чаир уште на средината на оваа година информираа дека, додека не се почне со гасификација, болницата ќе се грее на мазут.

Портпаролот на болницата, Илир Шурдани за „Фокус“ порача дека се што било во нивна надлежност е направено и сега другиот дел останува на Министерството за животна средина.

„Се што требаше да се направи е направено од наша страна. Во однос на формално-правните документи, се е комплетирано и завршено. Последниот збор го имаат од Министерството и тие ќе го направат тоа“, порача Шурдани.

Ј.Ц.

Поврзани новости