438
Со бело знаме во знак на капитулација неколкумина герилци од Битола го поздравија градоначалникот Владимир Талески.
„Оставка градоначалниче, предајте се!“, скандираа демонстрантите кои упаднаа во салата во градската бибиотека каде градоначалникот Владимир Талески присуствуваше на промоција на книга. Тие кон него фрлија и две маици со „СЈО”. Градоначалникот не искоментира ништо и продолжи да ги слуша говорниците на промоцијата.
Инаку ова е петта герила огранизирана од „Битолското движење“ чии членови протестираат скоро два месеца за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески.