Бошкоски: Нема да се откажам од борбата за слободна Македонија!

by fokus

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, преку писмо се заблагодари на илјадниците честитки упатени до него, по неговото излегување на слобода.

Тој порача дека  не се  откажал и нема да се откаже од борбата за слободна Македонија, додавајќи дека сега сака да го помине летото со семејството во неговото родно село Челопек по долгите години самување.

– Ова се големи денови за мене, по толку робување поради правосудните неправди што ми беа нанесени. Сè уште се привикнувам на слободата и во овие денови приоритет ми е моето семејство, мојата ќерка, синовите и сопругата, кои се бореа за мене во годините на долгото заточеништво предизвикано од туѓата нечиста совест. Сега тука сум да се обидам да им надоместам барем еден мал дел од пропуштеното и ве молам од длабочината на моето срце да ме разберете. Семејството е најсветото нешто на светот на секој човек. Доаѓаат тешки денови, денови кога мора сите заедно да сме сплотени и да ја донесеме Македонија на правиот пат, вели во писмото Бошкоски.

Поврзани новости