За време на пренос во живо од пукањето кое се случило во средно училиште во Денвер, Колорадо, САД, репортерката на „Фокс њуз“ го прегрна својот син кој бегал од училиштето во кое се случило пукањето.
Новинарката Алиша Акуна во живо известувала за пукањето кое се случило во оваа гимназија, кога за момент застанала да го прегрне својот син откако тој го напуштил училиштето.
Стотици родители се упатиле кон гимназијата „Денвер Ист“ откако таму се случило пукањето, а новинарката за момент заборавила на работата и одвоила време да го прегрне синот и да провери дали е добро.
„Извинете, нема шанси да го оставите вашето дете да помине“, се извинила видно вознемирената новинарка, која за пукањето била информирана токму од нејзиниот син.
Локалната полиција трага по тинејџер за кој велат дека застрелал двајца администратори во училиштето.
Административците се пренесени во болница, едниот е во тешка, но стабилна состојба, а другиот е во критична состојба по операцијата.