Вучиќ: Нема да се плашам од кутрите кои мислат дека треба да им се прости за сè

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово повеќе од час и половина гостуваше на телевизија Пинк и за тоа време не откри многу нови информации, туку повеќе се занимаваше со критиките и нападите на политичките противници, јавуваат српските медиуми.

На Вучиќ особено му пречело тоа што неколку претставници на опозицијата во претходниот период го нарекоа „лудак“.

„Сакате да ви објаснам зошто сум лудак“, праша Вучиќ и оцени дека тоа е затоа што никој друг освен него нема да ги издржи сите напади и притисоци.

Вучиќ истакна дека колку е појасна разликата во резултатите, толку повеќе ќе го нарекуваат лудак.

„Никој не би го издржал ова. Нема кој е секој ден нападнат“ – изјави Вучиќ.

„Нивниот проблем, проблемот на сите нив сум јас, човек кој не се плаши да измисли 50 Милован Бркиќ. Немам проблем со тоа, бидејќи на сите можам да им кажам се во лице“, изјави Вучиќ.

„Нема да се плашам од кутрите кои мислат дека треба да им се прости за сè… Немам пакт со никого, имам пакт со народот на Србија и баш не ми е грижа што пишувате. Што ќе ви падне на ум, правите“ – изјави Вучиќ.

Поврзани новости