Британец реши да ја запроси својата девојка покрај езеро, но при судбоносниот чин, свршеничкиот прстен му падна во водата, додека пријателите сe тоа го снимале.
dude was in the middle of proposing to his girl then dropped the $1,200 engagement ring into a lake i'm dead
no they didn't find it pic.twitter.com/JQk3FqSs63
— dy*ngfood (@dyingfood) June 30, 2022
Рос Бамбер (26) ја запознал својата свршеница Гери Ешфорт пред пет години додека работеле заедно во старечки дом. Дошло време за „големото прашање“, па тој отпатувал со неа до едно езеро во Норфолк, во Источна Англија, клекнал на платформа од даски над езерото, пред својата сакана и ја прашал дали таа сака да му биде сопруга… Но, работите не се одвивале според планот. Кога го отворил кутивчето, прстенот паднал низ празнина на подот и потонал во водата.