Познато е кога НАТО ќе потпише пристапни протоколи за Финска и Шведска

by Fokus

НАТО најави дека утре ќе потпише протоколи со Финска и Шведска за пристапување на двете земји во Алијансата.

„Разговорите меѓу претставниците на пактот и двете земји продолжуваат денеска“, се наведува во соопштението.

На претстојното потпишување утре се очекува да бидат вклучени министрите за надворешни работи на двете земји кои аплицираа за пристапување во Алијансата на почетокот од оваа година. Нивното барање беше потврдено на самитот на НАТО на крајот на минатиот месец во Мадрид.

По потпишувањето на протоколите се предвидува процес на ратификација од сите 30 земји на НАТО. Се наведува дека Босна и Херцеговина, Грузија и Украина исто така изразија желба да се приклучат.

Поврзани новости