ВИДЕО Филип Петровски го обвини Мицковски за опструкции: Тоа што мисли дека е близок до Груевски, не треба да го направи лидер

by Fokus 14:20
14:20

Филип Петровски, кој еден од кандидатите за лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера преку фејсбук имаше свое обраќање до членовите и делегатите на партијата.

– Бидејќи термините за вонредниот конгрес се многу крати, не ми беше дозволено директно да стапам во контакт со нашите членови. Јас сакам да дојдам до душата и срцата на сите делегати, односно до сите членови затоа што тие се всушност душата на ВМРО-ДПМНЕ. Ми се чини дека премногу ги користиме како бројка, како нешто кога има само протести, кога партиската машина треба да се активира. Но, кога треба да се избира лидер на ВМРО-ДПМНЕ ние членовите ги третираме како небитни. Тоа за мене е ндозволиво и јас барам да се промени односот кон нив, односно тие да одлучуваат каква ќе биде партијата во иднина – истакна Петровски.

- Advertisements -

Според него, делегатите не смеат да дојдат на конгрес, мислејќи дека треба да подржат кандидат кој што се претставувал дека ја има поддршката на Груевски.

– Груевски излезе со свој статус на фб кој е последица на мојот разговор со него. Му кажав како јас да се кандидирам како претседател на партијата немајќи ги контактите со општинските комитети, немајќи ги контактите со делегатите. Тоа не е фер. А, некој да ја користи партиската зграда, партиската инфаструктура и тоа што се наоѓа внатре и тоа што се преставува како човек на Груевски, дека тој ќе биде. Од Христијан Мицковски беше одбиено да испрати циркуларно писмо до членовите дека Груевски кажал дека не се меша и дека ќе има рамноправна борба. – тврди Петровски.

Поврзани новости