Во последниот меч во кариерата, Федерер и Надал за противник го имаат американскиот пар Сок/Тиефо. Уште во третиот гејм од мечот, Федерер успеа да направи нешто што досега никогаш не е видено во историјата на тенисот.
Тој успеа буквално да ја пробие мрежата и да освои поен. Сепак, правилата тоа не го дозволуваат па на крајот главниот судија Лајани му додели поен на американскиот пар.
Only @rogerfederer 😂 pic.twitter.com/S5kc8lJOo0
— 🎾 (@justtennis_) September 23, 2022
Претходно, демонстрант си ја запали раката откако се стрча на теренот и на кратко ја прекина играта на тенискиот турнир Купот Лејвер во „О2 арената“ во Лондон.
Младиот маж, кој носеше маица со натписот „End UK private jets“, беше отстранет од теренот од обезбедувањето, по што беше уапсен. Тој самиот го изгасна пламенот од раката, но притоа малку ја запали и подлогата.
Инцидентот се случи пред вториот сет од мечот помеѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман.