434
Битолчани со герила акција му го расипаа пресот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Додека тој заедно со министерот Мисајловски промовираше изградба на пат, група граѓани почнаа врз него да фрлаат банкноти со неговиот лик и сума од 360.000 евра.
Граѓаните носеа и транспарент на кој пишуваше „Честито аболиција“. Истата група и синоќа го чекаше Талески пред Центарот за култура во Битола каде се одржуваше Фестивалот за монодрама, но градоначалникот тогаш успеа да им избега.
На Фејсбук страницата „Битолско Движење“ беше објавено видео од настанот.