Холандскиот министер за надворешни: Нема услови за фер избори

by Фокус

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс, во својство на Претседавач со Европската унија, денеска испрати писмо до македонските партии кои го потпишаа Пржинскиот договор. Во писмото, Коендерс изразува загриженост заради состојбите во Македонија и бара веднаш да се изнајде решение за излез од кризата.

-Не се исполнети минимум критериумите за фер и кредибилни избори, а тоа се прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на државата од партијата и крај на вознемирувањето на гласачите, се вели во писмото.

Холандскиот министер уште еднаш го повика Иванов веднаш да ја повлече аболицијата и истакна дека функционирањето на Специјалното јавно обвинителство без пречки е од суштинско значење за решавање на политичката криза и за враќање на довербата од граѓаните.

Поврзани новости