(ВИДЕО) Експлозија во близина на најголемата нуклеарна електрана во Европа, украински удар на Сочи

by irena 10:21
10:21

Тим од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) забележал чад и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата таква централа во Европа. Според вработените во централата, целта на нападот била помошна инфраструктура лоцирана на околу 1.200 метри од главната централа, објавува „Киев Индепендент“.

Нападот со беспилотни летала и гранатирање започна околу 9 часот наутро, а звуците на воена активност можеа да се слушнат од позицијата каде што беа сместени експертите на МААЕ, изјави главниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси. Чадот од погодената област беше видлив во текот на целото утро.

„Секој напад во близина на нуклеарна централа, без оглед на целта, носи потенцијални ризици за нуклеарната безбедност и мора да се избегнува“, предупреди Гроси.

„Го повторувам мојот повик за максимална воена воздржаност околу нуклеарните постројки за да се спречи ризикот од нуклеарна несреќа.“

 

Слични вести