(ВИДЕО) Еден од најголемите пожари во историјата на Калифорнија – гори веќе 11 дена

by Fokus

Над 6.000 пожарникари се борат со пожарот што пред 11 дена избувна во Централната долина во американската сојузна држава Калифорнија и изгореа над 162.200 хектари, што е четврти најголем пожар што некогаш е забележан во таа држава.

Гаснењето на пожарот го отежнуваат високите температури до 38 Целзиусови степени и ветровите, а пожарникарите соопштија дека до сабота изгаснале повеќе од две третини од пожарот, објави Ројтерс.

Пожарот ја зафатил Централната долина, која се наоѓа на околу 160 километри северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.

Шумскиот пожар што избувна во близина на Чико, Калифорнија на 24 јули досега уништи повеќе од 560 домови и други објекти.

Поради пожарот се евакуирани повеќе од 4.000 луѓе.

Поврзани новости