Солитер во центарот на Москва ноќеска е оштетен кога во него удри дрон, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.
Пред зори силна експлозија одекна во центарот на Москва, на само 5 километри од Кремљ.
„Малку по 3 часот се слушна силна експлозија, а потоа се виде како дим од правец на тие згради во центарот“, велат очевидци.
Дронот удрил во висина на 10-тиот кат.
Москва ще вночі почала святкувати День Державного прапора України 🇺🇦 💥
Три добрих бобра зробили незабутні феєрверки, один з них вибухнув об будівлю Москва сіті 🤡
Більше фото/відео: https://t.co/COd6XbmKMu pic.twitter.com/yfGk9JTHea— Олександр Аронець (@aronets) August 23, 2023
Руското Министерство за одбрана тврди дека дронот изгубил контрола и удрил во објектот.
„Во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана спречија уште еден обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни авиони од типот на авиони врз градот Москва“, соопшти Министерството, нагласувајќи дека нема жртви.
Во текот на ноќта, летовите беа прекинати на бројни аеродроми, но авиосообраќајот, наводно, утрово повторно функционира нормално.