(Видео) Драматично извлекување на пожарникар кај Штип – „тигрите“ го спасиле

by fokus

„Тигрите“ попладнево спасиле пожарникар кој исчезнал при гаснење на пожар во селото Селце, во Штип.

-Денеска околу 12.30 часот, по добиено известување од Центарот за управување со кризи дека е исчезнат пожарникар ангажиран во гасење на пожар во село Селце, општина Штип, хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици и алпинистички тим од САЕ Тигар полета и се вклучи во потрага по исчезнатиот пожарникар.

Во 13:30 часот лицето е лоцирано на непристапен терен, по што е изведена крајно сложена акција, при што е спуштена алпинистичка екипа на САЕ Тигар со витло и лицето е безбедно пренесено на безбедна локација, соопшти МВР.

Поврзани новости