Интернистот Горан Трајковски од Скопје, кој пет години живее и работи во Нирнберг, Германија, попладнево ја прими првата доза на вакцината на Фајзер против корона вирусот.
Како што истакна тој, би го зел ризикот кој го носи вакцината, со оглед на изминатата година, во која и тој беше вклучен во борбата против Ковид-19.
„Според мене изборот е следниот: или ќе ги пробам шансите со тоа што ми го нуди модерната медицина или пак ќе си ги пробам шансите со Ковид-19. А од тоа што го видов во последнава година работа на ковид-интензивниот оддел (не само кај постари туку и кај млади лица), би го земал ризикот кој го носи вакцината. Се надевам на добар исход. После една седмица се очекува околу 52% заштита. Една седмица после втората доза 95% заштита“, истакна Трајковски.
Јорданчо Цветаноски