Со песната „Бисер балкански“ од ресторан во популарното скијачко место Пампорово во Бугарија, кумановскиот градоначалник,Максим Димитриевски по вчерашните провокации од страна на бугарските политичари од центарот во Скопје, им порача дека од Македонец не биднува Бугарин..
на двајцата европратеници од Бугарија, Ангел Џамбаски и
– Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде Македонска а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин, а најмалку пак Грк.
Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптеретени со шовинистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во парламентот.
– Една порака и до власта, “Вашиот молк е повеќе и од срам” во било која демократска држава за вакви навреди се одговара за уривање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост, не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети.
– Слава и на македонката Бунева!, порача Димитриевски кој основаше своја партија.
Европратеникот Ангел Џамбаски на панихида за револуционерката Мара Бунева порача дека Македонија е Бугарска.