(Видео) Димитриевски ги повика Пендаровски и Силјановска Давкова на ТВ дуел

by Fokus

Кандидатот за претседател и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, денеска на Зелено пазарче во Скопје се сретна со граѓани, при што побара ТВ дуел со противкандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, за да ги соочат своите факти и аргументи.

„Во спротивно верувам дека истите бегаат од јавна дебата, со единствена цел – немаат што да им понудат и покажат на граѓаните. Во оваа држава, покрај партиските членства живеат и други граѓани кои имаат право да слушнат што идниот претседател планира да реализира како претседател на сите граѓани, кажа Димитриевски.

Според Димитриевски претседателските кандидати од помалите партии се речиси невидливи за јавноста, а кампањата не е еднаква за сите.

Поврзани новости