Пратениците ќе ја констатираат и оставката на Иво Ивановски

by Фокус

Оставката на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски е доставена до Собранието и најверојатно ќе биде прва точка на дневен ред денеска, објавија дел од парламентарците.

Ивановски неодамна најави заминување од функцијата, образложувајќи го тоа со заминување на друга работа во странство.

Во изјава за МТВ, каде ја најави оставката Ивановски рече дека и на таа позиција ќе има можност да работи во интерес на Македонија.

Иво Ивановски е министер за информатичко општество од 2008. година кога за првпат овој ресор беше формиран како дел од кабинетот на премиерот. Неколку години подоцна на овој ресор му беше додаден и ресорот администрација.

Поврзани новости