Видео: Четири години од „црниот понеделник“ кога опозициските пратеници и новинарите беа насилно исфрлени од Собранието

by Fokus

Поминаа четири години од 24 декември, познат како „црниот понеделник“ во кој новинарите и опозициските пратеници од СДСМ беа насилано исфрлени од собраниската сала, не дозволувајќи да се изгласа буџетот за 2013 година.

Под директна палка на тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески и првата полицајка Гордана Јанкуловска, пратениците беа брутални исфрлени надвор, а буџетот беше донесе на сила само со гласовите на „вмровските“ пратеници.


Собраниското обезбедување влезе во галеријата каде што беа сместени новинарите и ги „замолија“ да ја напуштат „од безбедносни причини“. Некои од новинарите излегоа доброволно, а некои беа исфрлени со сила.

Надвор, пред Собарението беа собрани неколку илјадници граѓани од двете страни, кои беа спречени од полицијата да се судрат едни со други. Во меѓувреме, актерите блиски до власта организираа контра-протести со цел да придонесат побрзо да се изгласа буџетот.

Видео: А1он

 

Поврзани новости