Британскиот политичар и ТВ водител Најџел Фараж денеска беше нападнат додека се поздравувал со граѓаните за време на изборната кампања.
Како што пренесува британски Сан, Фараж бил гаѓан со камења, влажен цемент и кафе од млад човек во центарот на Барнсли додека политичарот ги поздравувал граѓаните од автобусот. Полицијата набрзо го уапсила човекот кој го нападнал Фараж.
Инцидентот се случува само една недела откако политичарот беше испрскан со милкшејк додека се шетал низ Њукасл, во североисточна Англија.
My huge thanks to South Yorkshire Police today.
I will not be bullied or cowed by a violent left-wing mob who hate our country. pic.twitter.com/40Zu56KcBL
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) June 11, 2024
Фараж одлучи да се кандидира за оваа позиција на изборите на 4 јули, зголемувајќи ја поддршката за британската Реформска партија на само два процентни поени зад владејачките конзервативци, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од британската агенција за истражување на пазарот и аналитика YouGov.
🚨🚨🚨
Nigel Farage has two missiles thrown at him while campaigning in Barnsley. pic.twitter.com/7PegGT2ZSY
— PoliticsJOE (@PoliticsJOE_UK) June 11, 2024
Резултатите од истражувањето го поддржуваат ставот дека враќањето на Фараж на политичката арена му зададе нов удар на владеењето на конзервативниот премиер Риши Сунак и неговите шанси да остане на власт со продлабочување на расколот меѓу британските гласачи од десниот центар.