ВИДЕО Богоев: Груевски ги избрка младите, но имаме план за живот во Македонија

by fokus

Стефан Богоев, претседател на СДММ ги повика младите во Македонски Брод на 11 декември масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 4.

„Во средното училиште позади нас, во 2005/2006 година имало вкупно 360 ученици, а за жал во оваа учебна година бројот е намален на само 160 ученици. Ова е само уште еден показател за погубните, катастрофални политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кои ги избркаа младите од Република Македонија.
Но, ние имаме План. План за живот, тука во Македонија. План со кој младите ќе работат, ќе заработат и убаво ќе живеат во нивните родни места, во нашата Република Македонија. Од Македонски Брод ги повикуваме сите млади масовно да гласаат на 11-ти декември и да го заокружат бројот 4“, рече Богоев.

 

 

Поврзани новости