Закажано уште едно гостување на Јоксимовиќ: Три пати му се малку на Жељко во Скопје

by fokus

Поради големиот интерес од публиката, Жељко Јоксимовиќ наместо три, ќе одржи четири концерти во Скопје. Билетите за трите концерти, закажани за 1, 2, и 3 декември веќе биле распродадени, па затоа Јоксимовиќ го закажал и четвртиот, за четврти декември.

Настаните ќе се случуваат во МНТ, а Жељко ќе пее преработки на негови, но и на песни од познати екс Ју музичари, во џез – свинг варијанта, придружуван од оркестар со 40 члена.

По настапите во Скопје, тој продолжува со проектот наречен ,,Два света’’ кој го носи името по легендарната песна од Тома Здравковиќ ,,Два света сме различни“, која ја преработи во џез-свинг варијанта, и ќе гостува во театрите во сите поголеми градови на поранешна Југославија.

Концертите ги организира продукцијата ,,Прагма мјузик ентертеинмант“.

В.К.

Поврзани новости