Во белоруската престолнина Минск и вечерва се одржуваат протести поради шестиот претседателски мандат на Александар Лукашенко. Голем број граѓани сметаат дека изборите биле нерегуларни, а изборните резултати фалсификувани.
Како што објавуваат медиумите, специјалните полициски сили во Белорусија пукале кон луѓе во Минск, кои седеле на своите балкони и им кажувале на демонстрантите каде да се сокријат.
„Покрај метро станицата „Грушевска“ од полициски автомобили излегоа голем број специјалци. Демонстрантите почнаа да бегаат. Од балконите на околните згради, луѓето викаа каде да се кријат, а како одговор на тоа, вооружените сили почнале да пукаат кон нив“, навел новинарот на Спутник.
?? Минск. Силовики стреляют по окнам, чтобы люди не высовывались.
Менты е@анулись окончательно. pic.twitter.com/zGGOt7Ir8H— Artyom (@mynamehay) August 12, 2020
Во меѓувреме, тамошната државна телевизија објави снимка која покажува како полицијата превоспитува демонстранти, кои во притвор велат дека никогаш повеќе во животот нема „да организираат револуција“.
Имено, две девојки и четири момчиња најпрво по наредба мораа да се завртат кон ѕидот со лисици на рацето и наведнати глави, а потоа полицијата им изнуди негативни одговори.
-Не, не, не“, „Никогаш во животот“ – изморено говорат младите луѓе пред полицијата.
Belarus state TV shows six bloody & bruised young protesters being humiliated in custody:
“So are you going to do any more revolutions?”
“Never in my life.”
“No, no.”pic.twitter.com/yvHcfevfXB— Alec Luhn (@ASLuhn) August 12, 2020