Предвремено родените бебиња во најголемата болница во Газа се завиткуваат во фолија и се ставаат покрај топла вода во очајнички обид да се одржат во живот, предупреди директорот на болницата. Преостанатите резерви на гориво исчезнуваат, оставајќи го објектот во услови кога е невозможно да функционира, велат болничките службеници.
Вработените во болницата Ал-Шифа се бореле да ги одржат во живот новороденчињата откако истече снабдувањето со кислород и тие мораа рачно да ги преместат бебињата од инкубаторот во друг дел од болницата, рече директорот на Ал-Шифа.
“Бев со нив пред малку. Тие ги извадија бебињата од инкубаторот. Ги завиткуваме во фолија и ставаме топла вода до нив за да ги загрееме”, изјави директорот на медицинскиот центар д-р Мухамед Абу Салмија за Ал-Арабија.
На фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи се гледаат неколку новородени бебиња извадени од инкубаторот и ставени заедно во еден кревет.