По вчерашното обвинување од американскиот претседател Џозеф Бајден кон рускиот претседател Владимир Путин дека е „воен злосторник“, шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, рече дека Бајден е „воен злосторник“.
Рогозин објави и видео во кое претседателот на САД тврди дека тој го предложил бомбардирањето на Белград во 1999 година.
-На работ од својот гроб, овој крвав старец мора да се сеќава на неговите злосторства, илјадниците цивили што ги уби – рече началникот Рогозин.
На видеото се гледа и слуша гласот на Бајден кој се фали дека токму тој предложил бомбардирање на главниот град на тогашна СР Југославија.
-Јас предложив бомбардирање на Белград, им предложив на американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина…, вели Бајден во видеото.
Корисникот Пепе Ескобар на Твитер, инаку познат колумнист, го објави истото видео, потенцирајќи:
„И потоа следеа Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Јемен…“, напишал тој во објавата.
The record shows who was the serial war criminal that “suggested” to bomb Belgrade in 1999.
And then there’s Afghanistan, Iraq, Libya, Syria, Yemen… pic.twitter.com/0GEYXJuQay
— Pepe Escobar (@RealPepeEscobar) March 17, 2022