Видео: Архива „бомба“ на СДСМ: Како адвокатот на Мијалков, Шврговски со Јанкулоска договара избор на обвинители

by Fokus

Поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски ќе го застапува екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и во сите други случаи во кои обвинителството на Катица Јанева има поднесено обвиненија против него.

Шврговски може да се слушне и во 12-тата „бомба“ на СДСМ за правосудството. Тој во една од аудио-снимките се договара со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за избор на обвинител по нивни терк, а во телефонскиот разговор и потврдува дека се слушнал и со екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, кој веќе дал зелено светло за изборот.


Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Шврговски

ГЈ: Ало.

ЉШ: Еј, Гоцо здраво.

ГЈ: Здраво Љупчо.

ЉШ: Шо правиш, добра си? Одмарај

ГЈ: Еве малку по дома, да ти кажам одмарам. Ти како си?

ЉШ: Добар, јас вчера малку на роденден бев, па, малце подолго спиење…

ГЈ: Аха.

ЉШ: Али добро е, сега е океј.

ГЈ: Е па, добро сега, мора и ние сме луѓе…

ЉШ: Да одмориме, сигурно, сигурно.

ГЈ: Да, да.

ЉШ: Гоцо, вака сега ми се јави Кизов, па нешто ми спомна ние утре треба да бираме обвинители. Нешто ја и ветив на оваа претседателката на Апелација, Сашо ми се јави баш неќни.

ГЈ: А она за каде тоа?

ЉШ: За во скопсково…

ГЈ: Е па ај…

ЉШ: …едно место е и ветив на претседателката за синот нејзин…

ГЈ: ај тогаш вака да направиме….

ЉШ: знаеш, женава…барем него да го протуркаме

ГЈ: Ај јас ќе му се јавам на Блерим, да го замолам…

ЉШ: Замоли го едно нешто, ветено е знаеш…

ГЈ: …да му речам многу е битно, и ќе му кажам за кого е

ЉШ: И она наш човек е, знаеш како е…

ГЈ: Да де да. Не, ќе му кажам за кого е. И ќе му речам: молим те, следниот пат ќе ви го искомпензираме.

ЉШ: Апсолутно, апсолутно, апсолутно.

ГЈ: Јас повеќе ми беше, не знаев дека сте збореле со женава…

ЉШ: Па зборев уште, знаеш ќе испаднам јас несериозен и ветив, Сашо ме замоли, вика: дај Љупа молиме те за неа вика…

ГЈ: Да де да, ама добор сега работиме со неа. Знаеш како…

ЉШ: И сега знаеш како, едно место. Да, да, да.

ГЈ:…мислам, ептен е. Одма ќе му завртам јас сега на Блерим

ЉШ: Ѕврцни му да знае, значи едно место нека, да пуштат сега, па ќе го искомпензираме на следниот оглас и готово.

ГЈ: Тоа е во скопското, така?

ЉШ: Во скопското да.

ГЈ: Океј, важи, одма ќе му завртам.

ЉШ: Ете така кажи му.

ГЈ: И утре ако имате вие, претпоставувам…

ЉШ: Во 12 имаме, да…

ГЈ: …пред да почнете, се гледате…

ЉШ: Аха.

ГЈ:…мислам, онака на координација…

ЉШ: Апсолутно, ја ќе се договорам, ќе им кажам. Без грижа, без грижа тоа е моја работа.

ГЈ: Да им кажеме дека е таква работава. Тоа. Океј.

ЉШ: Готово, само пушти ми на порака што си направила Гоцо.

ГЈ: Одма, одма. Важи, одма ќе го побарам, па ќе ти јавам. Океј.

ЉШ: Важи Гоцо. Поздрав.

ГЈ: Поздрав.

ЉШ: Чао, Гоцо, чао.

Поврзани новости