СЈО ќе поднесе жалби до судот за одбиените барања за притвор

by fokus

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, по одложувањето на рочиштето за „Тврдина 2“ изјави дека СЈО ќе поднесе жалби за барањата за притвор кои судот ги одби.

„Нашите законски права кои ги имаме во постапката е правото да вложуваме правни лекови и во текот на оваа недела зависно како истекува правото на жалба ќе бидат поднесени жалби против решенијата“, рече Ристоска.

Ристоска очекува од септември да започнат судењата и кажа дека обвинетите имаат нови адвокати, за што како што рече, имаат законско право.

Поврзани новости