Поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски ќе го застапува екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и во сите други случаи во кои обвинителството на Катица Јанева има поднесено обвиненија против него.
Шврговски може да се слушне и во 12-тата „бомба“ на СДСМ за правосудството. Тој во една од аудио-снимките се договара со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за избор на обвинител по нивни терк, а во телефонскиот разговор и потврдува дека се слушнал и со екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, кој веќе дал зелено светло за изборот.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Шврговски
ГЈ: Ало.
ЉШ: Еј, Гоцо здраво.
ГЈ: Здраво Љупчо.
ЉШ: Шо правиш, добра си? Одмарај
ГЈ: Еве малку по дома, да ти кажам одмарам. Ти како си?
ЉШ: Добар, јас вчера малку на роденден бев, па, малце подолго спиење…
ГЈ: Аха.
ЉШ: Али добро е, сега е океј.
ГЈ: Е па, добро сега, мора и ние сме луѓе…
ЉШ: Да одмориме, сигурно, сигурно.
ГЈ: Да, да.
ЉШ: Гоцо, вака сега ми се јави Кизов, па нешто ми спомна ние утре треба да бираме обвинители. Нешто ја и ветив на оваа претседателката на Апелација, Сашо ми се јави баш неќни.
ГЈ: А она за каде тоа?
ЉШ: За во скопсково…
ГЈ: Е па ај…
ЉШ: …едно место е и ветив на претседателката за синот нејзин…
ГЈ: ај тогаш вака да направиме….
ЉШ: знаеш, женава…барем него да го протуркаме
ГЈ: Ај јас ќе му се јавам на Блерим, да го замолам…
ЉШ: Замоли го едно нешто, ветено е знаеш…
ГЈ: …да му речам многу е битно, и ќе му кажам за кого е
ЉШ: И она наш човек е, знаеш како е…
ГЈ: Да де да. Не, ќе му кажам за кого е. И ќе му речам: молим те, следниот пат ќе ви го искомпензираме.
ЉШ: Апсолутно, апсолутно, апсолутно.
ГЈ: Јас повеќе ми беше, не знаев дека сте збореле со женава…
ЉШ: Па зборев уште, знаеш ќе испаднам јас несериозен и ветив, Сашо ме замоли, вика: дај Љупа молиме те за неа вика…
ГЈ: Да де да, ама добор сега работиме со неа. Знаеш како…
ЉШ: И сега знаеш како, едно место. Да, да, да.
ГЈ:…мислам, ептен е. Одма ќе му завртам јас сега на Блерим
ЉШ: Ѕврцни му да знае, значи едно место нека, да пуштат сега, па ќе го искомпензираме на следниот оглас и готово.
ГЈ: Тоа е во скопското, така?
ЉШ: Во скопското да.
ГЈ: Океј, важи, одма ќе му завртам.
ЉШ: Ете така кажи му.
ГЈ: И утре ако имате вие, претпоставувам…
ЉШ: Во 12 имаме, да…
ГЈ: …пред да почнете, се гледате…
ЉШ: Аха.
ГЈ:…мислам, онака на координација…
ЉШ: Апсолутно, ја ќе се договорам, ќе им кажам. Без грижа, без грижа тоа е моја работа.
ГЈ: Да им кажеме дека е таква работава. Тоа. Океј.
ЉШ: Готово, само пушти ми на порака што си направила Гоцо.
ГЈ: Одма, одма. Важи, одма ќе го побарам, па ќе ти јавам. Океј.
ЉШ: Важи Гоцо. Поздрав.
ГЈ: Поздрав.
ЉШ: Чао, Гоцо, чао.