ВИДЕО Апсење во Вардар, полицајка скокнала во вода за да фати крадец

by fokus

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсење на лице, за кое авторот на видеото тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје. Како што стои во описот на видеото крадецот бил фатен од инспекторка која скокнала во Вардар бркајќи го крадецот, при што го фатила и уапсила во водата.

Двајца момци го бркале уапсениот од Соборен храм, се до Македонскиот народен театар, но не успеале да го фатат. Бркотницата започнала поради украдена ташна и ланчиња.

„Момциве го бркаа од таму до Вардар, а девојкава случајно минувала – инспектор во цивил. Момциве викаа „лопов, фатете го лоповот“, и кога девојкава примети дека нешто се случува потрча по него и се втурна во Вардар каде пливаше по него“, вели авторката на видеото.

https://www.facebook.com/vedranamakedonska/videos/vb.100019827583589/346970822640501/?type=2&video_source=user_video_tab

Поврзани новости