(Видео) Апокалиптични сцени од Њујорк – портокалов чад го прекри градот

by fokus

Сликите и видеата кои денеска пристигнуваат од североистокот на САД изгледаат како сцени од „Лудиот Макс“ – вака американските медиуми ја опишуваат моменталната состојба во градовите на источниот брег, поради густиот чад од соседна Канада која е зафатена од шумски пожари. Посебно е погоден Њујорк, а чадот стигна до Вашингтон.

Како што објави CNN во најновите извештаи, воздухот е „морничава портокалова нијанса“, а видливоста е слаба. Зградите што вообичаено би можеле да ги видите јасно на ведар ден се заматени од темна магла.

Исто така, се поставува прашањето зошто чадот е портокалов, а не бел, сив или некоја друга боја?

Чадот од шумските пожари го претвора воздухот во портокалова од истата причина што чистиот воздух го прави небото да изгледа сино – тоа е поврзано со тоа какви ситни честички има во воздухот, колку има..

Овој ефект е уште поизразен наутро и навечер, кога сонцето е ниско на небото, а сцените од Њујорк точно покажуваат за каков ефект станува збор.

Според мерењето на Индексот за квалитет на воздухот, Њујорк во моментов е најзагаден град во светот со концентрација на ПМ2,5 честички на 353, што е 60,7 пати поголема од годишната вредност според упатствата на Светската здравствена организација. за квалитетот на воздухот, а квалитетот на воздухот е оценет како опасен.

Чадот од пожарите ги прекри големите градови во Онтарио и Квебек, вклучително и Торонто и околните области.

Голем дел од чадот доаѓа од Квебек, каде во моментов горат 160 пожари. Канадскиот оддел за животна средина вчера го издаде своето најстрого предупредување за Отава, класифицирајќи го квалитетот на воздухот во канадскиот главен град како „многу високоризичен“ за здравјето на луѓето. Во Торонто и околните области, квалитетот на воздухот е класифициран како „високоризичен“.

Фото: Ројтерс

Поврзани новости