ВИДЕО: Апасиев во првите редови, јајца и тоалетна хартија фрлени кон Владата

by Fokus

Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.

Дел од нив се судрија со полицијата која постави коридон пред зградата на Владата, откако ја пробија заштитната ограда.

 

Поврзани новости