(Видео) Ангелов го посети повредениот Цане, кого го нападна мечка на планината Мукос

by Fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка во неделата.

Тој раскажа како се случил нападот и како успеал да се одбрани од мечката.

„Беше Благовец, го терав добитокот и едно време пред мене излезе мечка. Ме грабна за ногата и паднав на грб. Кога паднав, носев чизми. Ме фати преку чизмата и немаше што да правам. Не знам како се извлеков. Со десната нога ја мавнав и ме пушти, па пак ме фати за нога, а ја повторно ја удрив. Ми даде Господ сила, ја грабнав за уши. Ја држев можеби пола саат. Се исплашив ја држев. Потоа ја турнав и одма станав. Ме гледаше и заминав до колиба, нозете ми се укочија. Вечерта немаше никој, дури во понеделникот децата ме најдоа“, раскажа Србиновски.

ЦУК, како што рече Ангелов, се обидува да го реши проблемот со мечките.

„Нашата цел не ни е да ги убиваме мечките, но оние кои напаѓаат треба да се отстранат. Ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето“, рече Ангелов.

Поврзани новости