Ако јас како мајка, како домаќинка, сопругот не ми дава пари, швалерот не ми дава пари, па мора да се задолжам…
Со овие зборови советничка од општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја брани одлуката на градоначалникот, Тимчо Муцунски општината да се задолжи за да ги реализира капиталните инвестиции.
Видеото од говорот на советничката синоќа беше споделувно и коментирано на социјалните мрежи.
Инаку советниците на Општина Аердром на последната седница со 15 гласа „за“ и 12 „против“ ја изгласале одлуката за издавање на обврзница од околу 5,4 милиони евра за реализација на капитални проекти во општината.
Против биле советниците од СДСМ и од Левица зашто, според нив, општината ќе плажа камати за овој кредит.
Парите треба да се искористат за доградба на основното училиште „Блаже Конески“, надградба на училиштето „Гоце Делчев“, изградба на градинка „Буба Мара“ клон на „Пчела 1“, изградба на нова градинка и кофинансирање на градинка со Министерство за труд и социјална политика.