Во Русија првпат регистриран сојот Кракен

by Fokus

Новиот подвид на Омикрон, Кракен, првпат е откриен во Русија, соопшти денеска Руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните (Роспотребнадзор).

Првиот случај на инфекција со сојот XBB. 1.5 е потврден во регионот на Пенза при секвенционирање на геномот на корона вирусот, се наведува во соопштението на „Роспотребнадзор“.

Кракен првпат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се прошири во САД, но и во 30 други земји, главно во Европа.

Поврзани новости