По завршувањето на лидерската средба во Вила Водно, лидерот на ДУИ Али Ахмети гостуваше на ТВ 21. За време на интервјуто, Ахмети во еден момент стана нервозен, па дури и удри на маса, што е невообичаено за лидерот на ДУИ, кој обично е смирен и сталожен во јавните настапи. Меѓутоа, тој загуби контрола кога почна да зборува дека Албанците биле необединети и расцепкани во повеќе партии, поради што биле помалку застапени во парламентот. Овој настап следуваше по лидерската средба кај Стево Пендаровски, каде беа присутни лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, АА, БЕСА и Алтернатива.
-Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не си веруваат еден на друг. Села со три-четворица, Тачи со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците – говореше Ахмети.