ВИДЕО Ахмети: Албанскиот јазик ќе се употребува и во Делчево и Струмица, ако треба ќе се ангажираат преведувачи

by Fokus

Во сите институции во земјава освен македонскиот јазик е и албанскиот, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети, во синоќешната емисија „200“ на Алсат-М телевизија.

– Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик. Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик, истакна претседателот на ДУИ, во своето гостување на телевизија Алсат.

Поврзани новости