Новинар на Си-eн-eн известува дека руските сили го зазеле аеродромот Антонов, кој се наоѓа на околу 20 километри од Киев, главниот град на Украина.
„Овие војници што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, се наведува во ивештајот објавен на „Твитер“ во чиј прилог е прикачено и видео.
Breaking: @mchancecnn with Russian forces at the Antonov airport about 15 miles outside of Kyiv. “These troops you can see over here, they are Russian airborne forces. They have taken this airport” pic.twitter.com/SnvmwQ1GeA
— Natasha Bertrand (@NatashaBertrand) February 24, 2022
Инаку, од раните утрински часови се водат жестоки борби во Украина. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
Во меѓувреме, сирени за воздушен напад повторно се огласиле во Киев, а од жителите било побарано да одат до најблиските засолништа, соопшти градската управа на главниот град на Украина.
„Прогласена е опасност од воздушна закана во Киев! Ги замолуваме сите жители итно да одат во засолништата за цивилна заштита“, објави градската управа на својата веб-страница.
На социјалните мрежи се шири фотографија од урнат руски хеликоптер, кој паднал за време на борбите за аеродромот Хостомел недалеку од Киев.
Би-би-си потврди дека видеото е автентично, иако изворот на фотографијата не е познат.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека денеска имало експлозија во електраната Трипилска, недалеку од Киев.
Сепак, електраната продолжува со работа.