872
Австрискиот канцелар Карл Нехамер на денешната прес-конференција по средбата со баварскиот премиер Маркус Седер изјави дека претходно имал телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски.
-Украинскиот претседател го започна разговорот велејќи дека доаѓа од земја за која не знае колку долго ќе постои и дека зборува како претседател кој не знае колку долго ќе остане жив – рече Нехамер.
Според Нехамер, Зеленски „молел за помош од Европа и светот“ и „се плашел за опстанокот на својата земја“.