603
Полициската станица од општа надлежност Гевгелија поднесе кривична пријава против Ѓ.В. (64) од Валандово, вработен во Министерство за Економија, Државен пазарен инспекторат Валандово. Се сомничи за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Пријавениот на 18.12.2015 година во 17.00 часот изготвил записници со коишто овозможил два кафе-барови предвреме да ги отстранат жиговите од Инспекторатот, кои претходно биле поставени врз основа на решенија од Министерство за економија – Државен пазарен инспектор подрачна единица Гевгелија. На тој начин, на двата кафе-барови им овозможил предвреме да вршат угостителска дејност, односно да се стекнат со материјална корист“, велат од Министерството за внатрешни работи.