Голем број на луѓе работат во Германија, а тука земаат плата, вели Арсовска

by Fokus

Првпат се случува во последните триесет години да се ставаат амандмани од политички партии на ребалансот на буџетот на Град Скопје, истакна во студио 10 на 24Вести, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

„Тоа не го направи ниту една друга партија, само ВМРО-ДПМНЕ. Блокадата не значи дека Градот нема да функционира, туку дека нема да можат да се реализираат многу од најавените проекти. Ребалансот не е голем, туку проблематична е самата блокада. Нема образложение зошто ВМРО-ДПМНЕ блокираат. Поднесени се околу 12 амандамни. Понекогаш, суетата е поголема од доброто на Скопјани и интересот на градот“, истакна Арсовска.

„Јас не сакам да навлегувам во политички игри. Има многу паметни и чесни луѓе, кои знаат што сакаме да направиме. Сакаме да направиме систем. Граѓаните да не чекаат на шалтерите. Да имаат љубезни луѓе кои ќе ги услужуваат. Ние се соочивме со голем број на луѓе кои ништо не работат.

Голем број на луѓе работат во Германија, а тука земаат плата. Ние тоа го прекинавме и затоа се создаде толкав голем отпор. Ниту еден ден не се појавиле на работа, а со години земаат плата. Ние повеќето од нив ги отстранивме. Има многу луѓе надвор кои сакаат да работат и чесно би си ја вршеле работата, а не можат да работат затоа што местата ги држат тие кои не работат, а земаат плата. “, тврди Арсовска.

 

 

 

 

 

Поврзани новости