Владата планира денеска да се задолжи за 78 милиони евра

by fokus

Преку аукција на државни записи и државни обврзници Министерството за финансии денеска ќе побара од домашниот пазар 78 милиони евра. Државните записи се со период на доставување од една година, додека задолжувањето од 18 милиони евра преку државни обврзници ќе се враќа во следните 15 години.

До следното задолжување планирано на 4-ти октомври, Владата мора да се раздолжи во износ од 80,5 милиони евра, односно толкава сума достасува по основ на задолжувања од претходната власт.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на самиот почеток од заземање на функцијата најави дека задолжувањата ќе продолжат со намалена динамика и дека Министерството ќе настојува да се задолжува на домашниот пазар каде каматните стапки се пониски.

Поврзани новости