683
Единаесет стриптизети биле приведени во рација на полицијата синоќа по полноќ во ноќен клуб на автопатот Тетово-Гостивар.
Полициските службеници од Региналниот центар за гранични работи Север презеле мерки и активности за пронаоѓање на нелегално вработени странски државјани. Во 01.30 часот влегле во угостителскиот објект во сопственост на А.А. за да извршат контрола. Во кафаната биле затекнати единаесет странски државјанки како танцуваат и ги забавуваат присутните.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.