Сугаревски се пофали колку средства обезбедил преку грантови

by fokus 14:21
14:21

188,4 милиони евра неповратни средства за подобрување на патната, железничката и комуналната инфраструктура, 131 милион евра неповратни средства од Европската Унија за доизградба на пругата кон Бугарија на Коридор 8, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски денеска даде отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата и се пофали колку средства обезбедил преку грантови за проектите кои ги спроведува неговото Министерство.

-Можам со часови да зборувам со што се соочивме, што добивме во наследство и какви се не проблеми ни оставија во наследство. Но, денес нема да зборувам за лажните ветувања на претходната Влада, ниту пак ќе се жалам – изјави тој.

- Advertising -

Рече дека преку Оперативната програма за транспорт 2014-2020, се обезбедени вкупно 41 милиони евра неповратни средства за изградба на нови патишта. Дека се изнајдени средства во висина од 12,5 милиони евра за подбрување на водонабдувањето во општините.

Меморандумот, пак, потпишан со Бугарија, рече тој, ги обврзува двете земји најдоцна до 2027 година да изградат комплетно нова пруга со што ќе се засили економскиот развој на регионот.

-Во изминатиот период од 100 дена, вложивме огромен напор да ги детектираме сите недостатоци на веќе започнатите со изградба автопати. Формиравме работни групи од експерти, градежни компании, надзорни органи и други релевантни институции со кои континуирано работиме на изнаоѓање на најсоодветни решенија. Ве уверувам дека изградбата на автопатите ќе продолжи со посакуваната динамика и на начин со кој ќе ги заштитиме државните интереси преку контролирано трошење на државните пари и тоа се во интерес на граѓаните – посочи Сугаревски.

Поврзани новости