649
Припадници на хеликоптерската единица при МВР денеска изврши симулација на спасување на граѓани заглавени во гондолите на жичницата на Водно.
-Како министер за внатрешни работи ми причинува особено задоволство што и денеска во рамки на активностите планирани по повод денот на полицијата, заедно имавме можност уште еднаш да се увериме во професионалноста на припадниците на нашата полиција, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на денешната алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“, во рамки на активностите организирани во склоп на одбележувањето на Денот на полицијата- 7 Мај.