434
Дождот не ги обесхрабри демонстрантите и вечерва да застанат пред Владата, каде по дванаесетти пат протестираат против аболицијата.
Во еден момент силниот ветер го урна скелето поставено пред Владата, што предизвика овации кај граѓаните кои извикуваа „Пада Влада”.
Под мотото „Ниски температури, ама високо кренати глави и тупаници” најупорните демонстранти порачаа дека нивната битка нема да престане.
Нивните главни барања се укинување на одлуката за аболиција на политичари, оставка од претседателот Иванов и повлекување на одлуката за парламентарни избори на 5 јуни.