Вести од иднината: Македонија со ултиматум до Британија за влез во ЕУ!

by lali

(Минск, 20.06. 2030 година) Европската голема четворка во ЕАУ која ја сочинуваат моќните автократски држави Македонија, Србија, Турција и Белорусија предложија пакет мерки и реформи што им се наложуваат на Владата на Велика Британија за влез во Европската Автократска Унија.

На последната седница на европскиот диктаторски парламент во Минск, водечките членки од ЕАУ испратија улитматум од пакет 3 мерки до Владата на Британија која до јануари 2034 година мора да се спореведат ако сакаат да бидат дел од Европска Автократска Унија.

Во извештајот на ЕУ стои дека корупцијата се уште е на ниско ниво во Британија, а тоа дополнително ја отежнува реформата да се зголеми митото во државните и јавните институции на кандидатот членка во ЕУ. Пакетот содржи повик за значајни реформи во борба против демократијата, незаивсните медиуми и некорумпираното судство.

Генерално, мерките се со цел да намали нивото на демократија, а да се зголеми авторитарното владеење на Владата, а под тоа се подразбира поголема политичка репресија и почесто гонење на потенцијалните политички и граѓански опоненти, како и целосно потиснување на индивидуализмот.

Дали Британија ќе успее да ги спроведе овие мерки, навистина е тешко да се прогнозира ако се знае дека во кралството се уште владее демократија и слобода на изразување.

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости