Брисел: Учеството во Собранието е клучно за развој на демократијата

by fokus 21:30
21:30

Oткако СДСМ најави дека ќе ја парализира работата во Собранието, Европската комисија излезе со став дека учеството во парламентарните активности е клучно за развојот на демократијата.

– Парламентите се клучни институции во европските демократии. Неучествувањето во парламентарните активности ги спречува демократските функции на овие институции и не обезбедува поголема рамнотежа на политичката моќ. Европската комисија ги повикува политичките лидери да се однесуваат одговорно и да ги зајакнат демократските процеси во интерес на нивните граѓани и на евроатлантска индина на земјата – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Коцијанчич уште еднаш потсети дека Договорот од Пржино е најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза.

Поврзани новости